Васил Толевски со право го сметаат за предводник на новиот бран современи македонски афористичари, а неговите авторски книги се претежно политички обоени. Има издадено преку дваесетина дела, објавени претежно во Србија, Полска и нешто во Македонија. Автор е на издавачката куќа Алма од Белград, а веќе со него имаат контакти авторски куќи од Русија и Бугарија. Желба му е да биде поддржан од некоја респектабилна фирма од РМ, како што е Алкалоид од Скопје, само поради големината на брендот, а и поради – смеата е лек. Афоризмите му се преведени на најпознатите светски јазици. Инаку по професија е машински инжинер, моментно вработен во ЈСП Скопје, како Технички директор.]]>


