-На 18 хектари имаме насадено најмногу праски, потоа кајсии и круши. Се одлучивме за неколку вида на овошни култури поради сигурност во производството и пласманот, оти секоја година, зависно од родот, цените на одредени овошни производи е различна – вели Вангелис и додава дека негова предност е што има традиција во ова производство, а го следи пазарот и новитетите за да биде конкурентен.










