За себе тврдат дека се очите и ушите на полицијата, а кои се всушност?

„Прошетки“ и „маршеви“ Една од мерките што се преземаат е „прошетките“ и „маршевите“ на граѓанските стражи да се третираат како митинзи кои подлежат на строги правила. Дури и носењето јакна под одредени услови може да се смета за повреда на забраната за носење униформа. Официјалниот надзор на Службата за заштита на уставниот поредок, според министерот за полиција на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Ројл, „законски не е толку едноставен“. Во градот Дебелн, Саксонија, полицијата презема акција против група која „сакаше да и помогне полицијата“ и притоа носеше јакни со натпис „безбедна зона“. За време на маршевите на граѓанските стражи во Дебелн и Фрајбург во Саксонија во октомври, полицијата сепак можеше да ги избрка од местата на кои се собираа и да ја конфискува забранетата облека. – Немавме други опции, рече портпаролката на полицијата, Енџи Риџик. Бајкери, хулигани, „лути граѓани“ Тврдото јадро на таквата сцена во Северна Рајна Вестфалија го сочинуваат околу 250 луѓе, проценува покраинското Министерство за внатрешни работи со оценка дека овие луѓе на одредени демонстрации можат да мобилизираат и до 700 луѓе. Оваа „мешана сцена“ се обидува преку наводно безопасни „прошетки“ да допре и до оние граѓани кои се аполитични. Матијас Квент, експерт за десен екстремизам од Институтот за демократија и цивилно општество „Амадео Антонио“ од Јен, граѓанските стражи ги дели на четири категории. Една од нив се „десноекстремистичките насилни групи“. Во таа категорија спаѓаат „Група Фрајтал“ и „Револуција кемник“. Во март 2018 година Врховниот покраински суд во Дрезден осуди осум членови на „Групата Фрајтал“ на повеќегодишни затворски казни поради бомбашки напади во бегалски кампови и политички противници во Саксонија. Судскиот процес против припадниците на „Револуција кемник“, пак, се води од 30 септември. – Актерите на десноекстремното движење сакаат да ги означуваат своите активности како граѓански стражи и безбедност на татковината со цел да избегнат бојкот во општеството, да ја оправдаат нивната идеологија и склоност кон насилство, вели Квент, кој исто така објави студија под наслов „Граѓански стражи: помошни шерифи или инсценирана провокација? Во неа тој предупредува дека безбедноста „не смее да им се препушти на политичките актери од крајната десница“. MИА]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести