Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и посмртните останки на Екатерина Михајловна – Мисиркова, неговата сопруга и синовите Сергеј Мисирков и Борис Мисирков.
Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени несвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов, цел ден лежел во креветот, до него била само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, ѝ ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десетина души
Во чест на роденденот на Мисирков, ве потсетуваме на филмот „Шчо напраифме“, што Фондацијaта „Рамковски“ го посвети на овој познат македонски деец, а во него Мисирков го интерпертира актерот Славко Нинов.
Сопственикот на „А1“ телевизија, Велија Рамковски во 2006 година ја основа Фондацијата „Рамковски“ која започна да го слави ликот и делото на овој македонски деец.
Во 2007 година Фондацијата „Рамковски“ го постави на Плоштадот „Пела“ во Скопје, споменикот на Мисирков, и истата година востанови награда со неговото име вредна 50. 000 евра во денарска противредност, која секоја година до затворањето на „А1“ телевизија се доделуваше на индивидуи кои дале посебен придонес за Македонија.
Наградата се доделуваше во пет категории: за наука, за уметност, за спорт, за економија и за животно дело.
Ова награда досега ја имаат добиено:
-2007 година: Блаже Ристовски, Атина Бојаџи, Боро Митриќески, Ристе Ристевски, Рина Усикова;
-2008 година: Борис Трајанов, Илија Васков, Шабан Сејди, Благоја Николовски, Ханс Лотар Штепан;
-2009 година: Димитар Илиевски – Мурато, Дарко Марковиќ, Виктор Фридман, Арбен Абдурахмани, „Танец“;
-2010 година: Жан Митрев, Сашко Кедев, Стево Степановски.
По затворањето на сопственикот на „А1“ телевизија, Велија Рамковски, Фондацијата прекина со доделувањето на наградите „Мисирков“.
]]>


