И од Стопанската комора на Северозападна Македонија се залагаат за намалување на сивата економија. – Како бизнис сектор секогаш сме за залагале сивата економија да се намали. Во однос на тоа, политиката за даноци да биде рамна и насочена кон сузбивање на сивата економија, истакна Неџи Хоџа од Комората на Северозападна Македонија. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се направени се големи реформи во УЈП и оти оваа институција веќе во бизнис секторот се гледа како партнер, а не како инструмент што власта може да го користи за своите интереси. – Тоа го покажуваме и со новите мерки и истовремено со одличната соработка која ја има со институциите со цел да создаваме приватниот сектор да биде генератор на економскиот раст. МИА ]]>


