Во меѓувреме започнале со производството кое не е едноставно, но ако професионално со нешто се занимавате и особено со мерак тогаш резултатот е очекуван.
-Редовно ги извршуваме сите агротехнички мерки и употребуваме органски препарати, нови технологии со цел добивање повисоки и поквалитетни приноси, а кога е производот квалитетен нема проблем со пласманот. Според мене мора да се следат новитете во производството и да се прилагодуваме на климатските промени кои знаат да го ограничат производството – вели Стефановски и додава дека работата на насадот е нешто што го исполнува и релаксира и кога би можел да бира би се занимавал само со земјоделско производство.
Во делот на заштитата и прихраната на крушите користеле органски препарати од кои се многу задоволни.
-Преку фејсбук се информирале за нашата фирма „Биоаграр“ и така стапивме во контакт. Излеговме на терен, ја пратевме состојбата на насадот и дадовме препорака. Тоа беше минатата година кога започнавме со зимска заштита со „сулфур бакар калциум“ затоа што имаше проблем со медова вошка. Понатаму ја следевме состојбата во текот на вегетацијата и дававме препораки. Во неколку наврати употребивме „Панамин“ кој даде одлични резултати. Задоволни бевме од родот и квалитетот на крушите – вели Ангела Ѓеровска Ѓуровска од „Биоаграр“ .
Повеќе на линкот: АГРОТИМ.МК]]>


