Мерката „Зелена нафта“ со која земјоделците користат 30% поефтина нафта е одличен старт во намалување на трошоците на производство и добивање конкурентен производ.



Тим од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп, беа на терен во селата Големо Коњари и Мало Коњари.
-Ги затекнавме земјоделците секој со својата работа но пријатно беа изненадени од нашето присуство и можноста да добијат картички со 30% поефтина нафта. За нив ова мерка на Владата има голема важност бидејќи најголемиот трошок во производството е токму нафтата – изјави за Агротим, Зоран Пачешкоски – раководител на ПЕ во Прилеп.










- Безготовинската картичка е наменате за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.
- Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи.
- Картичката заедно со ПИН кодот (кој е таен), упатството за користење на истата и решението за одобрена финансиска поддршка се подигнува во подрачната единица на Министерството за земјоделството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
- Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот чии име и презиме и дата на раѓање е испечатено на картичката.
- Корисникот е должен да се грижи за картичката и тајниот ПИН код.
- Евентуалното губење или кражба на картичката или пин кодот корисникот треба да го пријави на следените телефонски броеви: 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часот или на следната меил адреса: verna4@makpetrol.com.mk
- За реиздавање на картичката корисникот ќе треба да уплати 200,00 денари, додека за изгубен/заборавен ПИН 50,00 денари. Пријавата може да ја направи на тел.бр 02/3146-232, 02/ 3146 245 секој работен ден од 8:00-16:00 часотили на следната меил адреса: verna4@makpetrol.com.mk
- При првото полнење гориво со картичката корисникот ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ЈА ПРОВЕРИ состојбата на картичката и истата да ја спореди со износот на одобената финансиска поддршка утврдена во решението . Проверката се прави на касата на бензинските станици на Макпетрол АД. Доколку износите од решението и картичката не се истити, корисникот треба да изврши пријава во подрачната единица на министерството од каде што ја подигнал картичката.
- Плаќањето на горивото со картичката се прави откако ќе се заврши точењето. Корисникот пристапува кон касата на бнзинската станица каде јасно кажува дека ќе плаќа со картичка со пин код наменета за зелена нафта.



