* Која е првата асоцијација за Вас кога се во прашање божиќните празници? – Именденот на мојот сопруг Божидар. * Како вообичаено Вашето семејството ги празнува Бадник и Раѓањето Христово? Ги почитувате ли обичаите и традицијата? – И Бобо и јас имаме дедо и прадедо кои биле попови, едниот во Штип, другиот во Куманово. Но, особено во моето семејство христијанството многу малку се гледа во ритуалите врзани за трпеза или празници, а многу повеќе во вредностите кои ги претставува. Љубов кон ближниот, помош кон послабиот, верба во доброто – на тоа ме учеле и на тоа ја учиме и нашата ќерка. Затоа, вечерта на Бадник го месам лепчето со паричка, додаваме пити и колачи и уживаме во тоа што сме сите дома. Имаме редовна возбуда околу паричката, но ја научивме и Ада дека убавината е во изненадувањето и играњето фер – нема местење. Повеќе на линкот: Женски магазин]]>


