Гусарот не се откажал ниту од „новинарството“, па отворил два портали, Јавно.мк, информативен со политика блиска до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Етв.мк, најава за интернет телевизија која се уште не е во функција. Фирмата на чие име се двата портала во минатото била сопственост на Филип Петровски, поранешниот директор на Државниот архив, а како официјално лице на порталите стои братот на Емил, Даниел Јакимовски. Но, кој е Емил Јакимовски. Гусарот, како што го викаат сопартијците и жителите на родната Крива Паланка е член на ВМРО-ДПМНЕ долги години. Својата кариера ја почнал како новинар, по што партиски бил вработен во Централниот регистар, за што говорат и неговите фотографии и натписи на социјалните мрежи. Објавувал и други закани, секогаш партиски инспирирани. Наспроти тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека бил близок со СДСМ, на многу од неговите објави може да се види говор на омраза токму кон членови на владејачката партија. Извор: Локално.мк]]>


