За десет дена ни се вратија спомените од десет години кошмар на МВРО

Одземањето на службените возила стигна до претседателот Втора одлука која создаде хаос во МВР беше таа за одземање на 35 автомобили кои се од авто паркот на МВР, а се распределени во влада и други институции за чија безбедност одговорно е МВР. На таа листа беа возилата кои се користат за обезбедување на премиерот Оливер Спасовски и единственото на заменичката на МВР. Освен нив Чулев во списокот на автомобили кои ги бара да се вратат назад во МВР е и автомобилот кој го користи Претседателот Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет вчера изјавија дека не ги знаат мотивите за оваа телеграма, но потсетија дека безбедноста на Претседателот е одговорност на МВР. Дополнителната заменик министерка, Славјанка Петровска, за овие одлуки го обвини Чулев дека ги загрозува безбедноста на граѓаните, неколку амбасади како и гранични премини. „На овој начин Чулев создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата”, изјавила Петровска во нејзината најава за тужба против новиот технички министер во МВР. Именување на началник од времето на „началниците” Најновата одлука која уште повеќе ги зајакна стравот во јавноста и сомнежите за функционалноста на МВР, беше предлогот за началник на СВР Скопје. На оваа функција Чулев го предложи Ристо Ставревски, поранешен советник на екс министерката Гордана Јанкуловска со која е вмешан во случаите Титаник и Тенк, а се слуша и на бомбите како зборува со неговата шефица токму на тема “изборни манипулации”. Заради овие причини од СДСМ реагираа дека во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ и министерот Чулев сакаат да го вратат МВРО-ВМРО, што асоцира на времето кога самата поранешна министерка Јанкуловска признава во еден прислушуван разговор, дека МВР станал штаб на ВМРО во време на избори. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реплицираа дека Ставревски е професионалец и неосудуван и дека има разлика од спомнат во разговори до обвинет. Насилниците се охрабрија, „Полицијата сега е наша” По 10 дена раководење на МВР од кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку дена порасна бројот на закани од страна на националисти и насилници. За само еден ден закани добија една новинарка, еден градоначалник и екипата на ЦИВИЛ. Дел од заканите беше и охрабрувањето на заканувачот дека “полицијата сега е наша”, алудирајќи на министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ и на заштитата од самата партија. Арбен Зеќири извор: ЦИВИЛ]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести