АГРОТИМ: Важно за оние што планираат преку ИПАРД да вратат 60% од инвестицијата за подигнување нов овошен насад

излезе повикот, да аплицирате и ако ги исполните условите да потпишете договор со Платежната агенција и дури тогаш да започнете со инвестицијата. Според информации на АГРОТИМ  од Платежната агенција, нов повик ИПАРД, преку кој можете да вратите 60% од инвестицијата за нов овошен насад, се очекува да излезе наскоро. Преку Агротим.мк ќе ве информираме штом ќе има официјално известување од Платежната агенција. Ако планирате да подигнете нов овошен насад есен 2020 вистинско време е да аплицирате на повикот исполнувајќи ги сите потребни услови и критериуми. Секако остануваат редовните субвенции кои се од Програмата за директни плаќања и за кои се поднесува барање согласно термините на Платежната агенција. Услов е да сте регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, постапка која се завршува во Подрачната единица на министерството за земјоделство, во општината на која се водите според лична карта.

Во секторот за растително производство во делот за овоштарството преку ИПАРД се утврдени следните прифатливи инвестиции или трошоци: Прифатливи инвестиции или трошоци: Набавка на повеќегодишни растенија- Набавка на материјал за садење/калемење и подлоги на овошни сорти (вклучително сорти на трпезно грозје) Набавка на потпорна конструкција Набавка на опрема за заштитни мрежи и покривки, заштита од птици, заштита од гром Набавка на опрема за обработка на почвата, за заштита на растенијата, за бербени и постбербени активности Услуги за подготовка на терен Услуги за садење и обновување на насади Услуги за поставување на опрема и конструкција набавка на специјализирана земјоделска механизација и опрема за обработка, заштита, ѓубрење и берба на овошен насад и постбербени активности, – поставување на заштитни мрежи или прекривки Инвестиции во објекти за наводнување и опрема за санација/надградба на постоечката мрежа на фарма, вклучувајќи нови резервоари за вода, цевководи, системи капка по капка, системи за пареа, инсталации за распрскување, пумпни станици, итн. Висина на финансиска поддршка Вкупната финансиска поддршка (75% од ЕУ фондовите + 25% национално кофинансирање) која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. Овој процент на кофинансирање ќе се зголеми до: 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години сметајќи од денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка); 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (Листа на планински области може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk) Минимални капацитети Сите баратели кои аплицираат за оваа мерка во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на овошен насад со големина најмалку од 0,3 ха Текстот во целост на АГРОТИМ.мк   ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести