Агротим.мк побара од Александар Диље, овластен раководител на Сектор за агрохемија и Претседател на стручната комисија за регистрација и авторизација на производи за заштита на растенијата. ДИЉЕ: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја подготвува и до Владата на Република Северна Македонија секоја година ја доставува програмата за следење и мониторинг на производите за заштита на растенијата во производство и препакување, промет и употреба како и резидуи од производи за заштита на растенија во примарните земјоделски производи од растително потекло во фаза на производство. Мострите се земаат како официјални мостри од официјални контроли, а анализите се спроведуваат во Државната фитосанитарна лабораторија преку мултирезидуална метода преку која се испитуваат повеќе од 100 активни супстанции од производи за заштита на ратсенија кои се најупотребувани во Македонија. АГРОТИМ: Каква е постапката за да може еден препарат да се регистрира односно да може да се добие дозвола за увоз и дистрибуција? ДИЉЕ: Процедурите за регистрација согласно постоечкиот Закон за производи за заштита на растенија се спроведуваат согласно постапките за взаемно признавање на регистрациите со земјите членки на ЕУ. Тоа практично значи доколку една земја членка на ЕУ има спроведено целосна процедура на регистрација на производ за заштита на растенијата, нашата земја целосно ја прифаќа регистрацијата и го авторизира производот во сите негови составни делови вклучувајќи дури и форма и изглед на пакување. Постапката се спроведува преку стручна комисија и за регисtрацијата да може да се прифати, потребно е позитивно мислење на најголемите стручни лица за оваа област во Република Северна Македонија. Членови на ова стручно тело се: Биљана Петановска Илиевска – редовен професор од Факултетот за земјоделски науки и храна експерт од областа на хемија, Биљана Кузмановска – вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна експерт од областа на фитопатологија, Гордана Глаткова – вонреден професор на Земјоделsкиот институт Скопје, експерт од областа на хербологијата, Весна Крстевска – вонреден професор на Институтот Прилеп експерт од областа на ентомологијата, Силвана Манасиевска Симиќ – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна експерт од областа на физиологија на растенија и регулатори на раст на растенија, Гордана Попсимонова – редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, експерт од областа на градинарството. Ваквиот состав на комисијата дава една целосна сигурност на квалитетот, ефикасноста од употреба но и најбитното безбедноста на земјоделските производи по третманот со овие хемикалии како и безбедноста и здравјето на самите земјоделци при апликација на овие производи. Повеќе на линкот: Агротим.мк]]>


