Денеска остварив средба со нашиот преспански херој Васил Јанкула, кој стана дел од тимот на општина Ресен. Јанкула е ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби, а со неговите познавања на целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет. Општина Ресен, како институција се грижи подеднакво за сите категории на граѓани и допринесува за унапредување на нивните права и слободи.