Кирк Даглас, кој беше една од последните преживеани sвезди на Златното доба на Холивуд, почина на 103 годишна возраст.
Семејството Даглас ја потврди веста за смртта.
„Со огромна тага јас и моите браќа објавуваме дека Кирк Даглас не остави денес на 103-годишна возраст“, напиша синот Мајкл Даглас на својот профил на Инстаграм. „За светот, тој беше легенда, актер од Златното доба на филмовите , хуманист, чија посветеност на правдата и причините во кои веруваше, поставија стандард за сите нас“.
Номиниран три пати за најдобар актер од Академијата за филмска уметност и наука, Даглас беше добитник на почесен Оскар во 1996 г. Тој глумеше во повеќе од 80 филмови пред да се повлече во 2004 година.


