„ Почетокот беше тежок но со поткрепа на кооперанти и банките успеавме да подигнеме еден дел од насадите. Почнавме да учествуваме во програмите на Министерството за земјоделством и со субвенциите успеавме да подигнеме големи насади“, вели Митевски.
Митевски вели дека без субвенциите и подршката преку програмите на Министерството за земјоделството, тешко може да се размислува за развој. Затоа учествува на сите национални програми за подршка на земјоделството, а се модернизира и преку ИПАРД програмата.
„Редовно учествувам и сум реализирал 80 % од зацртаното досега. Имам земено од главна механизација трактори, машина за берба. Имам земено и приклучна механизација, мулчери, атомизери“, раскажува Митевски.
Иако многу земјоделци реагираат на обемноста на документацијата, за овој овоштар од Штип, тоа е најмала пречка за понатамошен развој. Вели важно е да се добие помош при подготвката на апликациите, а на отворени врати секогаш наидувал во Подрачната единица на МЗШВ.
Повеќе од репортажата на Виолета Кожинкова за Агротим.мк


