Услови за аплицирање на повикот за мерка 113 – неповратни 20.000 евра за млади до 40 години

Предмет на јавниот повик за мерка 113 „Млад земјоделец“ е доделување на финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство. Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Максималниот износ кој може да се додели на еден корисник изнесува 1.200.000,00 денари (еден милион и двеста илјади).

Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не смее да ја отуѓи инвестицијата ко-финансирана од средствата на оваа Програма во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата. Опремата која ќе биде предмет на договорот треба да биде нова опрема произведена не порано од 2018 година.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

  • Индивидуален земјоделeц
    – вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност; или
    – кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување; или
    – кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
  • Трговец поединец
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
  • Трговско друштво
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Земјоделските стопанства мора да се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и да не користеле помош од претходниот јавен повик за мерката 112.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година по соодветната мерка на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Деталниот опис за креирање на барање за финансиска поддршка се наоѓа во „Упатство за поднесување на барање“.

По креирањето и поднесувањето на електронското барање за финансиска поддршка, барателот треба да го преземе, испечати и потпише и заедно со сите пропратни документи, соодветни на типот на инвестицијата се доставува до Агенцијата во затворен плик на кој на горниот лев агол да пишува „Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (0120- 11316-ХХХХ/1)“ на следната адреса:

АФПЗРР – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој
ул. „3-та Македонска бригада” бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц)
1000 Скопје
Република Северна Македонија

или лично на рака во архивата на АФПЗРР на истата адреса секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Потенцијалниот корисник ќе биде писмено известен за прифаќање или одбивање на неговото барање во рок не подолг од 3 месеци од завршување на јавниот повик. Доколку барањето биде оценето позитивно и прифатено, АФПЗРР до потенцијалниот корисник испраќа „Решение за одобрување на барање”.

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Крајниот рок за доставување на барањата е 10.03.2020 година.

Останатите услови и критериуми за избор на АГРОТИМ.мк – специјализирана платформа за информации од агркомплексот

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести