Маж и жена пронајдени мртви во својот дом во Кратово

Во полициската станица во Кратово вчера било пријавено дека сопружници биле пронајдени мртви во својот дом.

Вчера вечер околу 20.20 часот во Одделението за внатрешни работи Кратово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Глигор Пазавански“ во Кратово, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66).

Лекар констатирал смрт без траги на насилство. 

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. 

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести