Нова ескалација на израелско-либанската граница и покрај договорот

Израелски дрон го погоди подрачјето на градот Набатија во јужен Либан, соопшти либанската државна новинска агенција.

Инцидентот се случува само еден ден откако Израел и Либан постигнаа безбедносен договор со посредство на САД, чија цел е намалување на тензиите долж границата по обновените судири меѓу израелската армија и шиитското движење Хезболах.

Договорот беше оценет како обид за стабилизирање на состојбата долж границата, каде што во изминатите месеци повторно се интензивираа вооружените инциденти. 

МИА

Најчитани вести