Морам да напоменам дека во 2017 –та година, кога министерот Спасовски во тоа време дојде на таа позиција имаше само 1000 пасоши во депото. Тоа е ужасно мала бројка, а за кратко време успеа да го реши овој проблем. Сега имаше многу повеќе. Нормално тендерот истекува и јас сум убеден дека министерот Чулев нема да биде во можност да најде решение, а убеден сум дека Владата многу скоро ќе го најде решението“, рече Бојан Маричиќ во емисијата „Патот кон“ на Алсат М.
Тажна е сликата да видите дека по доаѓањето на господинот Чулев во МВР има масовен проблем за вадење на лични документи, значи за пасоши, патни исправи…..Жално е навистина да се гледаат партиските игри во министерствата, како со поранешната министерка Мизрахи така и со министерот Чулев. Се тераат лични и партиски агенди, се крши Уставот и Законите од страна на овие функционери и практично се доведува во прашање функционирањето на системот се со цел да се помогне на партијата на избори“, рече Маричиќ.
Во однос на апсењата и заплената на кокаин во скопското село Крушопек, Маричиќ рече дека ова е тажна слика за начинот на кој што ВМРО – ДПМНЕ и нивните кадри ги водат институциите во последните неколку недели, можност дадена според законот за влада.
„За жал во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни вести на ВМРО ДПМНЕ, дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка по поткрепа на таа лажна слика се доведе во опасност една сериозна акција за борба против дрогата во меѓународен канал, во акција која што е работена повеќе од година дена, значи е почната уште во времето кога премиерот Спасовски беше министер за внатрешни работи и за едно кило кокаин се доведе во прашање акција во која што навистина требало да се заплени 1,3 тони…“, рече Маричиќ.
]]>


