Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, финасиската поддршка за производен капацитет од 0,2 до 0,5 хектари изнесува 6.000 денари, додека за производни капацитети од 0,5 до еден хектар, поддршката е 12.000 денари.
Изминатиот период, Агенцијата ги исплати субвенциите за полједелците, градинарите, лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.
-Ќе продолжиме со редовна исплата на субвенциите за сите што законски стекнале право за користење финансиска поддршка. Праксата за навремена и неселективна реализација на субвенциите продолжува. Парите се префрлаат во период кога на земјоделците им се најпотребни, пред почеток на новата реколта, наведува Платежната агенциа и додава дека оваа Влада од почетокот на мандатот до денеска, исплати околу 381,6 милиони евра финансиска поддршка за развој на агро секторот.
]]>


