Место за внимание и мерки за претпазливост секако дека треба да има, но не и место за паника и хистерија. Најмалку за политичко профитирање!!!
*Од овој вирус заклучно до вчера се заразени 79 300 лица во целиот свет. Од тие 79 300, околу 77 000 се заразени во Кина од кои најголем дел се во Вухан. Вухан е град кој брои 11 милиони жители и доколку дури и сите заразени од Кина ги ставиме во овој град, излегува дека во епицентарот и жариштето на овој вирус се заболени 0.7 проценти од вкупното население, а 99.3% се здрави или не се заразени од овој вирус. Ако од тие 79 300-те илјади заразени во Вухан ги минусираме 10 000 кои се веќе излечени и 2 500 кои се веќе починати, доаѓаме до вкупна бројка на заразени од нешто помалку од 70 000. Излекуваните не се предмет на интерес, па затоа медиумите ги пренесуваат само заразените и починатите.
Што се однесува до смртноста, процентот или шансите дека заразените ќе умрат, на оние кои се над 80 години е 14,8%, што имплицира дека 85,2% ќе оздрават. Кај оние од 50 до 60 години процентот на смртност е 1,3 проценти, а кај младите до 40 години тој процент е значително мал и изнесува 0,2% што значи дека 99,8 проценти од оние кои се заразиле на овие години, ќе оздрават.
И во овие бројки е суштината – шансата да се зарази некој во епицентарот на овој вирус врз основа на податоци за тромесчната епидемија е 0,7 проценти што ќе значи дека постои 99,3% веројатност дека вирусот никогаш нема да дојде до вас.
Што значат овие бројки за држава како нашата која брои околу два милиони жители. Доколку во најлош случај се случи епидемија од исти размери како епицентарот во Вухан, што сепак е тешко сценарио, тогаш од коронавирусот на ниво на Македонија би заболеле некаде околу 14 000 жители. Доколку се земе просекот на смртност кој изнесува некаде околу 2,8 проценти, тогаш од истиот би починале 392 луѓе.
Извор: Фејсбук статус на Ивана Рамаданова
]]>


