Коронавирус- рецепт за нова глобална нестабилност

Коронавирусот може дополнително да ја наруши довербата на милиони луѓе ширум светот во нивните лидери и институции. Тоа е рецепт за натомошна глобална нестабилност во ситуација кога светот најмалку може да си ја дозволи.

Како што појавата на коронавирусот станува глобална, така берзите и светското население полека се будат со опасноста од глобална пандемија. Но, тоа не е единствената вознемирувачка глобална вест оваа недела. На Блискиот исток и во Азија особено, воените тензии растат, а големите држави не се ни обидуваат да го прикријат тоа.
Најзагрижувачки се настаните во последните 24 часа во Сирија. Како што граѓанската војна навлегува во последната фаза, судирот меѓу Русија и Турција се заострува. Убиството на 33 турски војници во воздушниот напад на сириските владини сили ја пренесе конфронтацијата на нова територија, затоа што Анкара сега не е лута само на Москва и Дамаск, туку и на западните нации кои смета дека ја напуштиле.
Во петокот Турција соопшти дека повеќе нема да ги блокира сириските бегалци кои сакаат да се упатат кон Европа, актуелизирајќи ја повторно заканата од голем бегалски бран како оној во 2015-2016 година. Тој бран донесе стотици илјади бегалци во Европа и предизвика силно јавно незадоволство кое пак ги засили десничарските партии. Сето тоа се случува паралелно со новите судири меѓу Сирија и Израл, откако изреалски хеликоптери  повредија повеќе сириски војници во нападите на границата.

Повеќе на линкот: Дојче Веле

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести