Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, гостувајќи во емисија на бугарската телевизија BTV, им порача на бугарските политичари дека нема доверба меѓу народите, ако едниот постојано врши притисок и му се заканува на другиот.
По констатацијата дека ни се блиски јазиците водителот упати провокативно прашање кон Димитров на каков јазик зборуваат денес во студиото, Димитров му одговори: Вие говорите на бугарски јазик, а јас говорам на македонски јазик.
– Почитта кон другиот е основа за искрено и трајно пријателство- напиша Димитров на својот Фејсбук профил.