MТСП во изминатиот период навистина многу посвети на креирање на мерки што значат вложување на младите, посочи заменик-министерката Санела Шкриељ во дебатата „Отворено“ на ТВ24.
„Мислам дека сите сме согласни дека вложувањето во младите значи вложување во нашата иднина. И, токму затоа, оперативниот план којшто оваа година е со рекордно висок износ од 1,4 милијарди денари, еден од главните критериуми е 30% застапеност на младите во сите мерки. Ја имаме младинската гаранција. Да не заборавиме, единствена земја која што не е членка на ЕУ, сама донела одлука да ја имплементира оваа мерка и дава извонредни резултати“, истакна Шкриељ, која зборуваше за досегашните резултати на владата предводена од СДСМ во повеќе социјални области во изминатите 2,5 години.


