Можно продолжение на „Медена земја“, Атиџе од филмот ја добила само куќата во Дурфулија

Доволно е да се каже Атиџе и речиси секој веќе ја знае. Едноставна, мила, скромна, која зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. По сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Сега е зима, па времено се преселила во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

Долго сакав да ја сретнам и да ја запознаам Атиџе и тоа и се случи на на 29 февруари 2020 година, на една манифестација во училиште во Лозово, на десетина минути оддалечено од Дурфулија.

Станува збор за ученичка шестдневна средба во рамките на програмата „Еразмус плус”, на која ученици од ООУ „Методија Митевски-Брицо” од Лозово се домаќини на своите врсници и нивните ментори наставници од Португалија, Бугарија и од Грција. Другарчињата од Италија, кај кои тие сите заедно беа во јануари годинава, за жал, беа спречени да им ја возвратат посетата, поради состојбата со коронавирусот во оваа земја.

Атиџе со порака до децата: Сакајте ги пчелите, тие го одржуваат светот, сè што имате делете половина – половина

Кога со колешката Убавка влеговме во холот на училиштето нè пречека Светлана Стојкова, велешанка што долги години живее и работи во Лозово како професорка по француски во ова училиште, а е одговорна и за проектот „Еразмус плус”. Таа вторпат ни посакува добредојде во рамките на оваа програма оти веќе се запознавме со децата домаќини и гости кога пристигнаа на 26 февруари. Тогаш децата заедно изведоа незаборавна заедничка културно-музичка програма со поеми во стихови, песни и игри.

Но, овој пат поводот за нашата посета е средбата на децата со хероината Атиџе, за таа да им раскаже за документарниот филм „Медена земја”, за нејзиното детство и игри.

Повеќе на линкот: MMС

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести