(ВИДЕО) Голготата на еден снимател, Дамјан Чунихин: „На нивните лица имаше жед за крв, а на нашите – жед за живот“

Дамјан Чунихин, снимател од „Канал Вис“, ја раскажува приказната за „Крвавиот четврток“. Тој бил хонорарно ангажиран тој ден да ја следи ситуацијата во Собранието, и како што раскажува, „толпата“ многу добро знаела каде оди и што треба да прави.

Тој вели дека иако многупати бил во Собранието, сепак секогаш имал проблем да се снајде да ја најде „Прес салата“, но разлика од него, толпата која првпат влегува во Собранието, била со одлична координација.

„На нивните лица имаше жед за крв, а на нашите – жед за живот“, вели во еден момент Чумихин, кој помагал да се спасат нападнатите, особено жените.

Во еден момент го прашал Спасовски дали ќе излезат живи од Собранието, но Спасовски одговорил дека изгледа нема.

Покрај политичари, пратеници и вработени во Собранието, на „Крвавиот четврок“ беа нападнати и новинари, сниматели и сосема недолжни луѓе кои се нашле во тоа време на патот на толпата која направи упад.

„Овие насилници физички ги нападнаа новинарите и снимателите и ги спречија да известуваат од Собранието. Притоа им ги одземаа и им ги оштетија камерите и мобилните телефони. Освен тоа, некои од нив, под закана и со оружје, беа со часови држени како заложници, а притоа полицијата не им пружи никаква заштита“, изјави тогашниот претседател на ЗНМ, Селмани.

Тогашното обвинителство нема покренато ниту една постапка за напад врз новинарите, кој се случи на 27 април, 2017 година, туку истите тие треба да поднесат приватни тужби ако сакаат правда.

ССНМ и Здружението за новинари пред неколку месеци кога исто така беа нападнати новинарките Маја Јовановска, Мери Јордановска и Искра Коровешовска потсети за иницијативата за измени на Кривичниот закон со кои напад врз новинари и медиумски работници ќе се третира како напад врз службено лице.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=43&v=1NFZA1KA6Hs&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Македонија, Ударни вести

Најчитани вести