Паметните и храбри одлуки што ги донесовме ги отворија перспективите кон ЕУ и НАТО и беа неопходни за да направиме стабилна држава која може да спроведе големи економски промени.
Со членството во НАТО, загарантирани ни се сигурноста и безбедноста на државата, а за граѓаните тоа носи повисоки плати, нови работни места и подобар економски стандард.