Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција ја претстави предлог економската програма на партијата која ќе се достави до Владата на усвојување.
“Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Сите вработени во јавен сектор, одат на минимална плата. Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво, ќе земаат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај.”
Ова е само една од пакет економските мерки кои СДСМ денес ги достави до Владата, за натамошно разгледување и усвојување.