Селаните исплашени го информирале градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, а тој случајот го пријавил во полиција.
По извршената контрола, лицeто информирало дека е во самоизолација, заради тоа што се вратил од работа од земја со висок ризик, Италија и дека ќе ги почитува мерките.
Лицето во голем дел и ги почитувало мерките, но давало пари на блиски лица од селото за да му пазаруваат од локалната продавница место да ги користи волонтерите.
При втората контрола на полицијата, не бил пронајден во викендицата.
-Ние уште од првиот ден преземавме се што е во наша надлежност за да ги заштитме нашите граѓани. Кога се работи за здравјето на луѓето нема компромис. Не знам зошто тој дошол во село, каде што има голем дел на возрасно население, но ако мисли дека тука ќе се сокрие, тоа нема да се случи, вели за Бриф.мк градоначалникот на општина Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев.
]]>


