Осум години затвор за Владимир Талески за случајот "Транспортер"

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за случајот Транспортер. Судијката Добрила Кацарска на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, му досуди осум години затворска казна. Тогашниот финансиски раководител во општината доби шест години и шест месеци затвор. Меѓу две и три години затвор добија вкупно десет застапници на транспортните фирми. Условна казни добија директорите на основните и средните училишта, но и некои управители на фирми.

Предметот за ученичкиот транспорт во Битола го отвори СЈО, па го презеде редовното обвинителство. Обвинението го застапуваа обвинителите Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе. 21 лице беа обвинети за злоупотреба на службената положба.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести