Бизнис заедницата од струшко до Владата: Неосновани се барањата на локалната власт за ригорозни мерки за движење на населението

Соопштение од состанокот на бизнис заедницата од населените места Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец и Велешта до јавноста во врска со актуелните случувања со вирусот Covid 19.

„Од информацијата што ја слушнавме вчера од одредени медиуми бизнис заедницата од горе споменатите места одржа консултативен состанок на кој што се разгледа актуелната ситуација во истите и ги донесе следните заклучоци:

  1. Ние сметаме дека барањето на локалните власти до Владата на Р.С.Македонија за донесување на поригорозни мерки за движење на граѓаните во овие населени места е неосновано, неаргументирано и донесено паушално врз основа на пишување по социјални мрежи и некои медиуми.          

Од овие причини сметаме дека Владата ваквото барање треба да го игнорира и да не постапува по истото.

  • Предлагаме Владата на Р.С.Македонија да организира стручни лица, епидемиолози заедно со сите медицински лица, доктори и сестри од овие населени места да организираат стручни тимови кои што ќе направат евидентирање и стручна анализа на состојбата на терен и врз основа од добиените резултати Владата на Р.С.Македонија да донесе соодветни мерки.
  • Предлагаме до општинските власти за понатамошните активности да бидеме координирани како би се овозможило натамошните одлуки на кризниот штаб на општина Струга да се носат врз база на проверени информации и податоци со цел оваа состојба да ја надминеме со помалку последици како здравствени така и економски.
  • Ова го предлагаме како засегнати стопанственици кои вработуваат повеќе од 500 вработени во овие компании, а нивните економски активности ги обавуваат и во населените места и во градот Струга.“

Подгорка Подгорци

Гајрет Лабуништа

Нетто Лабуништа

Бабуш компани Лабуништа

Електропромет Лабуништа

Инфинити Подгорци

Боград Боровец

СНА Лабуништа

Тим петрол Велешта

Џезо комерц Боровец

Вас профил Лабуништа

Бразилиан кафе Лабуништа

Струга, 31.03.2020

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести