„Минатите години кога бев дополнителен заменик министер ги согледавме сите проблеми, слабости и манипулации што режимот ги креираше само за уцени, закани и поткуп пред избори.
Денес тоа е веќе минато.
Јас и мојот тим направивме многу средби на терен во изминатиот период, лично ме болеше секоја мака и проблем, се радував на секој убав разговор и предлог а ги слушавме внимателно и критиките.
Како #СДСМ секогаш сме биле и ќе останеме со вас.
Затоа веќе трета година како го воведовме новиот модел на субвенционирање.
Трета година откако храбро ја променивме дотогашната политика и драстично ги зголемивме субвенциите по класи.
Трета година по ред откупнатата цена на тутунот расте и постигнува историски цени.
Трета година по ред нема никаква селекција и субвенциите се исплаќаат редовно и во еден ден.
Минатата година се донесе и новиот европски закон за тутун и други сродни производи.
За нас и нашата убава тутунопроизводството е стратешка гранка на земјоделството.
Почитувани тутунопроизводители,
Ве замолувам да ги следете насоките на Владата, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција за исплата на субвенциите оваа недела.




Почитувајќи го планот и мерките го штитиме личното и јавно здравје и побргу ќе излеземе од оваа состојба“, посочи Николовски.


