„Приходите се намалени, некаде според тие анализи што ги слушаме, споредбено со истиот овој период од минатата година, за десетина до 15 милиони евра. Но исто така има и дополнително намалување поради драстичното намалување на цените и на бензините и на дизелот. Имаме сериозно намалување на цените. Не е тоа поради некое влијание на нашата држава или на регулаторната комисија за енергетика, едноставно такви беа случувањата на светските берзи. Значи какви ќе бидат случувањата на светски берзи, и кога расте и кога опаѓа цената на нафтата, ние тоа го ефектуираме во нашата методологија“, наведува Бислимовски.
Граѓаните да бидат сигурни, вели тој, дека нашата методологија е иста како методологиите што се применуваат во сите земји каде што се регулира нафтата, а такви се мал број на земји.
„Во сите останати земји во регионот, овој бизнис е целосно либерализиран. И од тие причини, кога ги анализираме цените на нафтените деривати во Македонија и во другите земји, многу е јасен заклучокот дека цената на нафтените деривати во нашата држава е убедливо најефтина“, рече претседателот на РКЕ.
]]>


