Изгоре трафика на „Кеј 13 Ноември“

Во СВР Скопје утрово во 4.28 часот било пријавено дека на „Кеј 13 ноември“ опожарена била трафика, најверојатно угостителски објект, информираат од МВР за МИА.

Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада, а полицијата се наоѓа на местото на настанот и се уште врши увид.

Не се познати се уште причините за пожарот.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести