Виролог од Шкотска го открила коронавирусот: На 16 години го напуштила училиштето, но сепак успеала да стане познат светски научник

Џун Алмеида, шкотски вируролог е една од „пионерите“ во идентификацијата и дијагностицирањето на вирусите. Нејзините вештини во пронаоѓањето на вирусите со електронски микроскоп ѝ го донесоа статусот на пионер во вирологијата.

И покрај недостаток на формално образование, го напуштила училиштето затоа што нејзиното семејството немало пари, Алмеида изградила фантастична кариера. Таа успеала да добие работа како лабораториски техничар во болница во Глазгов, а потоа се преселила во Лондон, каде се омажила за венецуелскиот уметник Енрике Алмеида. Двајцата ја добиле ќерката Џојс, а потоа се преселиле во Канада.

Во Канада Алмеида се вработила во Институтот за тумор во Онтарио, каде ја усовршила техниката за работа со електронскиот микроскоп и развила метод за визуелизација на вируси.

Веста за нејзиниот успех стигнала и до Англија, па така еден англиски микробиолог успеал да ја убеди да се врати во Лондон.

Таа била регрутирана од Медицинскиот факултет во болницата „Сент Томас“, каде, во соработка со д-р. Дејвид Тирел, ги истражувала вирусите на грипот и хепатитис Б и каде, благодарение на можноста да работи со електронски микроскоп, ја направила и првата визуелизација на вирусот рубеола.

Џун Алмеида го визуелизирала и коронавирусот, а за него се обидувала да објави и научна статија.

Статијата ѝ била одбиена, со објаснение дека „приложените фотографии се само лоши слики на вирусот добиен со настинка“.

Сепак тоа не ја обесхрабрило, па истиот напис го објавила во 1965 година во списанието „British Medical “, а една година подоцна го објавило и „Journal of General Virology “.

Се верува дека токму Џун, д-р. Дејвид Тајрел и нивниот соработник Тони Ватерсон го измислиле името „коронавирус“ заради круната што им дава специфичен изглед на честичките на вирусот.

После тоа, Џун ја продолжила својата брилијантна кариера, а кон крајот на осумдесеттите години, помогнала и во производството на микрографите на ХИВ вирусот.

Починала од срцев удар во 2007 година.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести