Со името Гилеад некои поврзуваат библиски град, други го знаат од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд “Приказната на робинката” во кој САД се прекрстуваат во воената диктатура Гилеад. Веќе неколку недели Гилеад се поврзува и со компанија во која многумина полагаат надежи во борбата со новиот корона вирус.
Калифорниската компанија лекот „Ремдесивир“ го тестира кај пациенти кои се заболени од Ковид-19 на пример на универзитетот Вирџинија Комонвелт во Ричмонд. Шефот на клиничката студија, Арун Санјал, за новинската агенција АП вели дека владее толку страв од болеста што пациентите се многу заинтересирани да го тестираат лекот. „Станува за антивирусен лек кој беше развиен за да го сопре размножувањето на вирусот. Кога тој не се размножува може да почне нормалниот процес на заздравување на телото.”, вели Санјал.
Повеќе на линкот: Дојче Веле
]]>


