Северно корејскиот лидер Ким Џонг-ун се појави во јавноста за прв пат по 20 дена, пренесуваат севернокорејските државни медиуми.
Државната агенција КЦНА известува дека севернокорејскиот лидер ја пресекол црвената лента за отворањето на фабриката за ѓубрива.
-Тој присуствуваше на церемонијата, а присутните го пречекаа со „ура“ – додава агенцијата.
Подоцна се појавија и видеа на кои Ким Џонг-ун се вози со голф автомобил при посета на фабриката, разговара со неговите приврзаници, пуши цигари и се смее.
Во изминатите денови за него се шпекулираше дека е мртов, многу болен или се крие од пандемијата. Во меѓувреме беше баран „под дрво и под камен“, со тајни агенти и сателити, а што навистина се случувало, можеби светот никогаш нема да дознае. Изгледа Ким Џонг ун се врати од „мртвите“, а сите информациите поврзани со него за изминатите 20 дена ќе останат тајна.