Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи“, рече на денешната прес конференција Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„За нив е обезбедена финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.
На овој начин обезбедуваме стабилизација на пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот“, рече Атанасов.
„Дополнително, обезбедени се средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.
Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците. На овој начин се грижиме за домашното производство и за земјоделството како исклучително важна гранка во македонската економија“, истакна Атанасов и порача дека СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој.


