Бочварски: Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа

Фејсбук статус на Благој Бочварски, градоначалник на Штип:

Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулации на граѓаните. Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји.

Очекувам од ТВ Алфа во сите останати изданија на нивните вести во текот на денов да се извинат за ширењето на оваа лажна вест.
Време е да се стави крај на ширењето лажни вести.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести