Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја посочи Словачка како пример за држава која, слично како и Македонија, нема функционални институции во актуелната криза, а ги одложила изборите.
Сепак тврдењето не му е точно откако земјата има и парламент, и влада, и одржани избори, пренесе 360 степени.
Мицкоски по лидерската средба рече дека во повеќе од педесет држави во светот се одложени избори на некое ниво.
Новинар праша дали може да каже еден пример од овие земји во кои нема активен парламент и државата ја води техничка влада.
„Еве, Словачка, треба ли уште некој пример?!“, одговори Мицкоски.
]]>


