Гошаревски: Граѓани и гости во нашата убава Преспа, Кризниот штаб донесе одлука, ги засилуваме контролите на терен

Почитувани граѓани , гости во нашата убава Преспа !!
На денешниот одржан Кризен штаб донесена е одлука, според која, за време на претстојниот продолжен викенд на терен, на повеќе локации ширум Преспа ќе има засилени контроли од страна на инспекцијата, редарските служби и полицијата, со цел почитување на пропишаните здравствени мерки како од страна на граѓаните така и од угостителските субјекти. Во спротивно, сите оние кои што не ги почитуваат и не се придржуваат до претходно донесените мерки,ќе бидат санкционирани.
Ресен и Преспа и понатаму гордо остануваат место каде што сеуште немаме нити еден заболен од корона вирусот и затоа упатуваме апел до сите, да продолжат да се придржуваат до пропишаните мерки од Владата на Република Северна Македонија, за носење на заштитни маски, физичко дистанцирање и забрането групирање се со цел, да не се загрози нашиот живот, животот на нашите најблиски, но и моите и вашите сограѓани.
Со почит,
Градоначалник на Општина Ресен
Живко Гошаревски

]]>

Најнови вести

Најново од Uncategorized, Македонија, Ударни вести

Најчитани вести