Пред сè, како директна поддршка на креирањето на системот на ОДРЖЛИВО И КОНКУРЕНТНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО, ги предвидуваме следните активности и мерки:
- Годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра за земјоделството и руралниот развој
Годишната финансиската поддршка од 200 милиони евра за аграрната политика насочена кон создавање услови на одржливост на земјоделските стопанства кои ќе се залагаат за зголемување на производството, квалитет на производите, заштита на животната средина, безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, како и кон модерно и конкурентно земјоделство и производи со додадена вредност. Предвидуваме финансиска поддршка од државниот буџет за подобрување на стандардот на живеење на населението, изградба на инфраструктурни објекти, диверзификација на економските активности за задржување на руралните средини во витална состојба со создавање услови младата популација да остане во нив.
- Навремена исплата на директната поддршка во земјоделството: 30 % од висината на основните мерки 30 дена по аплицирањето и 70% според календарот на исплата
Исплаќање на финансиските средства на земјоделските стопанства во време кога им се најпотребни.
Од 2021 година ќе започнеме со исплата на 30 % од висината на основните мерки 30 дена по аплицирањето. Остатокот од средствата за определена мерка, ќе се реализираат по извршената контрола, според определена динамика и календар на исплата. Календарот ќе го регулираме со закон за земјоделците точно да знаат кога можат да ги очекуваат средствата.
- Зголемено субвенционирање на ,,Зелена нафта“
Намалување на производните трошоци за да се подобри конкурентноста на земјоделските производи. Во наредниот период ќе продолжиме со спроведување 95 на оваа мерка, со тоа што секоја година ќе го зголемуваме субвенционирањето на трошоците за набавка на гориво за земјоделски машини со цел до крајот на 2024 година да биде субвенционирано 100 %.
- Зголемување на поддршката за директни плаќања за грла говеда, овци, кози, маторици, заклани гоеници, бројлери, несилки, еднодневни пилиња, презимени пчелни семејства за 10% од сегашните
Запирање на трендот на опаѓање на бројната состојба на добитокот, зголемување на производството и намалување на увозот на млеко, млечни производи, месо и месни производи.
- Зголемување на поддршката за произведено и предадено екстра квалитетно кравјо млеко за два денари по литар
Зголемување на производството на млеко со екстра квалитет и исполнување на хигиенските и микробиолошките барања.
- Инвестирање во воспоставување на интегриран сеопфатен систем за контрола и мониторинг на квалитетот на сурово млеко
Формирање на мрежа на контролори со овластени лаборатории за да се обезбеди квалитетно сурово млеко во преработката и продажбата.
- Враќање на старите водостопански заедници
Со враќањето на старите водостопански единици овозможуваме пофункционално и рационално управување со водените ресурси за наводнување. Функционирањето на водените заедници на принципот на самоодржливост и инвестиции во модерни водоснабдителни системиво кои водата како ресурс ќе се користи максимално, а земјоделците ќе ја искористат секоја капка вода за наводнување.
- Продолжување со процесот на окрупнување (консолидација) на земјоделското земјиште
Креирање на поголеми земјишни парцели што ќе продуцираатконкурентно земјоделско производство.
- Поддршка за одржување на долгогодишни насади
Зголемување на инвестициите во процесот на производството, подобрување на конкурентската способност на фармерите. Мерката е наменета како стимулација на фармерите за поголемо вложување во процесот на производството, а преку тоа и обезбедување на повисоки приноси и подобар квалитет на производите.
- Формирање на интервентен фонд во програмата за директни плаќања
Обезбедување на финансиски средства за регулирање на пазарен дизбаланс во земјоделството и обезбедување услови за одржливо земјоделско производство.
- Поттикнување на тов на гојни јуниња над 500 кг
Воведување на зголемена субвенција по гојно јуне со старост од 8 до 24 месеци и со тежина над 500 кг, заклани во регистриран кланичен капацитет. Целта на оваа мерка е да се стимулира домашното производство на јунешко месо и преку завршната кланична тежина по гојно јуне да се намали увозот на јунешко месо.
- Поврат на персонален данок на доход за земјоделци
Поврат на персоналниот данок на сите земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и кои што оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до два милиони денари.
- Намалување на данокот на додадена вредност за ветеринарните услуги од 18% на 5%
Намалување на данокот на додадената вредност од 18% на 5% за ветеринарните услуги, за да се подобрат, да станат поевтини и поквалитетни.
- Поттикнување на примена на агроеколошки мерки
Поттикнување на фармерите за спроведување на агроеколошките мерки.
]]>


