Мираковска: Продолжуваме со високите субвенции за тутун, се грижиме за сигурен откуп и повисоки класи

Кандидатот за пратеник Соња Мираковска од коалицијата „МОЖЕМЕ“ денеска беше во посета на Прилепскиот регион, нашиот познат тутунарски крај. Тутунот за земјоделците од овој регион значи повеќе од производство, тоа е традиција и начин на оебзбедување на основна егзистенција или дополнителен приход.

За состојбите во оваа земјоделска гранка, за производството, за откупот, цените и поддршката од државата, разговараше со тутунопроизводителот Стеван Илијоски.

-Тутунот отсекогаш се произведувал кај нас, мачен е за работа но ние сме навикнати и не се жалиме од работа. Имало и добри и лоши години, но последниве три години имаме стабилизирање на состојбата и повисоки субвенции. Се трудиме да извадиме добар квалитет оти од тоа ни зависи и цената како и субвенциите. Лани поминавме добро, се надевам и годинава – рече Илијоски.

Мираковска ја потенцира заложбата на Владата за сигурно производство и откуп.

-За нашата Влада тутунот е стратешки производ затоа што ги тангира 30 000 тутунарски семејства, а се обезбедува и девизен прилив, оттука важноста која ја добива од државата. Знаејќи дека откупувачите бараат квалитет, а врз основа на тоа која класа и повисока откупна цена, се одлучивме на зголемување на субвенциите по класи и тоа за прва класа 80 денари, втора класа 70 денари и за 3 класа, 60 денари субвенција. Оваа мерка се покажа како одлична и значи стабилност на производството и на самите земјоделци. Продолжуваме и натаму со силната поддршка на тутунопроизвдството и со тоа покажуваме колку ни е важен агросекторот и луѓето кој живеат од него. Можеме и подобро, а тоа ќе го докажеме во следните 4 години – изјави Мираковска.

Во овој период започнува и бербата на првите листови тутун. Засега, според земјоделците, квалитетот е добар и се очекува успешна тутунарска  реколта 2020. 

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести