Мираковска: Инвестираме во домашното млекопроизводство

Слободанка Кочева од село Негорци е вистински претставник на жените фармерки. Во нејзината фарма има над 50 крави, десетина телиња, комплетна земјоделска механизација и земја под концесија на која произведуваат добиточна храна.

Нејзината фарма, неодамна ја посети кандидатката за пратеник и носител на листата во 4 ИЕ од коалицијата „МОЖЕМЕ“, Соња Мираковска.

Низ срдечен разговор на тема млекопроизводство, Кочева ја потенцираше состојбата во оваа област, проблемите со кои се соочуваат како и барањата на фармерите за подобрување на состојбата.

-Ние долги години се занимаваме со сточарство. Сите што чуваат крави знаат колку е тешко да се занимаваш со жива стока. Цената на млекото е ниска, а добиточната храна е скапа. Ние за среќа, имаме земја под концесија на која произведуваме добиточна храна и така производството ни е ренатбилно. Субвенции земаме редовно за грло и последните веќе ги земавме. Остануваат уште 2 и 3 фаза од субвенциите за млеко, ги очекуваме брзо и тие – изјави Кочева.

Мираковска ја потенцираше важноста на млекопроизводството кај нас, особено поради милионскиот одлив на девизи за млеко и млечни производи кој годишно достогнува и 100 милиони евра.

-Состојбата со млекопроизводството кај нас со години наназад белеше надолна линија. Негрижата за ова сточарска гранка од страна на минатата власт резултираше со намалување на домашното производство на млеко за 30% – рече Мираковска и додаде дека токму поради тоа, изминативе 3 години, Владата предводена од СДСМ имаше пакет мерки за подобрување на состојбата во оваа област.

-Знаејќи дека скапата добиточна храна е една од причината за намалување на добиточниот фонд кај нас, имаше огласи за земја специјално за сточари, односно тие да имаат предност при добивањето на земјата. Потоа се даваат субвенции за грло крава и дополнителни субвенции за литар млеко. Имаше мерка за увоз на високомлечни крави во висина од 1,5 милион евра и се искористи целосно, интересот беше голем. Во новата програма предвидено е зголемување на субвенциите за квалитетно млеко и продолжување со политиката на поддршка на оваа важна сточарска гранка – потенцираше Мираковска.

На средбата стана збор и за другите можности кои се нудат од страна на државата, а кои значат подобрување на состојбата и поголем профит на млекопроизводителите.

На средбата стана збор и за другите можности кои се нудат од страна на државата, а кои значат подобрување на состојбата и поголем профит на млекопроизводителите.

-Лани излезе „Правилник за продажба од куќен праг“ од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што можат веќе фармерите да продаваат сурово млеко или да го преработуваат во сирења и други млечни производи. А исто така до крајот на годинава ќе излезе повик за 10 000 евра неповратни средства за мини преработувачки капацитети за сточарите кои ќе бидат регистирани во правилникот. Пораката е дека сточарите треба да ги следат новите мерки како и начин на производство, да се едуцираат и на тој начин заеднички со поддршка од државата да се зголеми домашното производство на млеко – заклучи Мираковска.

Сите овие мерки, како и други поволности за фамерите се веќе внесени во новата програма на коалицијата „МОЖЕМЕ“ и за која кандидатите за пратеници очекуваат пoддршка од земјоделците за заеднички да се продолжи развојот на оваа наша важна сточарска гранка.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести