Како ВМРО тепа на анкети?

16 kongres na VMRO DPMNE za izbor na nov lider na partijata glasanje kandidat Hristijan Mickoski
Пред да го искараат Муцунски па да си ја избрише објавата, анкетата во која ВМРО убедливо води на изборите беше напраена од DBC која не е една од најпознатите агенции во САД туку е компанија регистрирана во Англија, чиј газда е најдобриот другар и советник на Орбан, Арпад Хабони.

Дека DBC не ја направила анкетата е повеќе од јасно бидејќи фирмата едноставно не се занимава со анкети. Ама многу е веројатно дека токму Хабони е линкот меѓу Орбан и Стив Банон – милионерот кој има задача да ги сруши сите ненационалистички влади и ужасно го мрази Сорос.

Е сеа Стив Банон е другарче со МекЛафин чија фирма ја направила “победничката” анкета, или можеби и не ја направиле туку само добиле бројки и ги објавиле, па за да не ја утнат остаиле простор од 30% неопределени.

Друг муабет е оценката на работата на МекЛафин и нивната прецизност. Fivethirtyeight, една неверојатно математички прецизна страница, на Меклафлин им има дадено оцена C/D, што е една оценка од исклучување, или шо би се рекло толку од нивната прецизност. Па не за џабе ја промивираат како анкетната куќа која работи за Трамп…

Понатаму на официјалната интернет страница на McLaughlin & Associates може да се види дека ВМРО – ДПМНЕ никогаш не им биле клиент.

Резултатите аматерски беа промовирани на твитерот на извршниот директор на оваа компанија, а во неговата биографија стојат две нишки кои може да се поврзат со ВМРО – ДПМНЕ, Израелските служби и премиерот Бенџамин Нетанјаху и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кои имаат заеднички пријател, Никола Груевски.

Ама па од друга страна коа ќе ми текне на кого се обраќаат со ваквите бомбастични наслови од типот “Анкетната куќа со која соработува Трамп” веројатно и ова ќе им помине ко од шале… А Муцунски ќе добие заушка – две.

Фејсбук статус на Маја Ивановска

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести