Ангеловска: Преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат Домашна Платежна Картичка

Фејсбук статус на Нина Ангеловска, министерка за финансии:

Преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат #ДомашнаПлатежнаКартичка 🇲🇰

Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги ✔️

Со картичките реализирани се над 1,2 милиони транскации заклучно 18 јули. Најголем дел од трансакциите се во:
🏪 Маркети (89%)
🥗 Ресторани и храна (5%)
👗 Текстил, облека, обувки (3%)


Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата:
🛍️ ја поддржува приватната потрошувачка
💛🇲🇰 ги поддржува домашните производители и услужни дејности
📊 придонесува за раздвижување на економската активност
💳 придонесува за безготовинско плаќање


Банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела ❗Во меѓувреме се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фонд за здравствено осигурување.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести