По големата катастрофална експлозија во Бејрут, во која загинаа најмалку 135 луѓе, а повредени се повеќе од 5.000 лица, направени се и снимки од сателит при проценката на штетата.
Речиси сите згради во близина на експлозијата се целосно уништени или барем значително оштетени, а неколку пристанишни структури се целосно избришани од земјата.
Причината за експлозијта се скоро 3.000 тони амониум нитрат, донесен со брод пред шест години и оставен во магацин.
Обвинителите во Франција денеска отворија истрага, откако 21 француски државјани се повредени во катастрофалната експлозија, пренесе АФП.