Овој тренд особено го прати „СН Осигурителен брокер“, Осигурително друштво кое и оваа година продолжува да биде главен фактор кога станува збор за земјоделското осигурување. Тие од првиот ден силно влегоа во овој сектор. Екипирани со професионален кадар, водат кампања во медиумите и на терен, ги едуцираат земјоделците, воведуваат новитете и ги следат актуелните состојби во овој сектор.
– Анализирајќи од денешен агол, факт е дека нивото на развиеност за свест кај граѓаните од потребата за осигурување е на повисоко ниво од порано. Дел од земјоделците веќе ја имаат сфатено потребата за осигурување на посеви и плодови, за тоа говори нашиот голем број на клиенти кои исто така се наши соработници, па и наши деловни партнери. Додека пак за останатиот дел на земјоделци кои сеуште не ја сфатиле потребата за осигурување, ние се трудиме преку кампањи во кои се вклучени посети на терен, организирање и учество на настани, едукативни текстови на социјалните мрежи и преку текстови во печатена форма да им ја укажеме важноста за осигурување како и да пренесеме за новитетите во врска со земјоделското оситурување – вели Таше Наумовски – Раководител на експозитура во Ресен и виш соработник на Сектор земјоделие.
И покрај воведините новитети за заштита од град како што е авионското засејување кое придонесе за заштита на земјоделците, сепак, според Наумовски најсигурен и најисплатлив начин е земјоделското осигурување. Голем интерес за осигурување има за овошните култури како што се јаболко, цреши, праски, но има пораст за осигурување и за лозовите насади, тутунот и житните култури.
Според Наумовски, за подобар резултат најдобри се директните комуникации и средби со земјоделските производители и фармери на кои се разјаснуваат сите дилеми околу условите и начинот на осигурување.
Најчести прашања кои ги добиваат од земјоделците се на кои приноси и цени може да ги осигураат своите производи, премијата која ја плаќаат и колку е уделот во самата штета односно франшизата.
– Ние со секого посебно разговараме, им објаснуваме и на некој начин го доближуваме земјоделското осигурување како мерка која не е комплицирана за реализирање. Кога еднаш ќе се одлучи земјоделецот, тој станува наш традиционален клиент бидејќи ги согледува предностите на осигурувањето. Сигурноста во земјоделското производство е алката која им недостигаше во нивното работење – вели Наумовски и додава дека во последните неколку години континуирано се зголемува бројот на земјоделски производители.
-Особено не радува заинтересираноста на младите земјоделци. Бројните финансиски поддршки за земјоделство и рурален развој се едни од потикнувачите за многу млади луѓе да се одлучат да се занимаваат со земјоделска дејност. Тие се најчесто едуцирани со современи сваќања и за нив како СН осигурителен брокер сме особено интeресни. Знаат дека земјоделското производство е како и секој друг бизнис во кој треба да се вложува за да се произведе конкурентен производ кој ќе им донесе профит. Сигурноста која ја нуди осигурувањето е вложување кое се подразбира во еден таков процес – вели Наумовски.
Работата на вработените во овој сектор во принцип е теренска и во постојан контакт со клиенти, меѓутоа СН Осигурителен брокер АД Битола внимателно ги следи дискусиите и развојот на настаните поврзани со мерките за заштита од КОВИД – 19 кои што треба да се превземат и брзо ги спроведува, со цел и вработените и клиентите да бидат безбедни и здрави и да се спречи ширењето на вирусот, така што ние сме прилагодени на новата “нормалност“.
-Придржувањето кон мерките и препораките на националните и меѓународните институции од страна на СН Осигурителен брокер АД Битола и благодарение на нашите клиенти, бидејќи и тие ги следат препораките, имавме непречено работење и остарување на дадените задачи, а нашите клиенти беа комплетно услужени и навремено заштитени – додава Наумовски.
Што сметате дека треба да се промени во делот на земјоделското осигурување за тоа да стане примамливо за поголем број од земјоделците. Да се зголеми процентот на земјоделско осигурување?
– Добрата информираност е еден од клучните моменти за зголемување на свеста на земјоделското осигурување, доколку земјоделците бидат добро информирани за условите и се она што содржи и што нуди една земјоделска полиса сметаме дека процентот значително би се зголемил и би имало обостран позитивен ефект како и за компаниите така и за самите земјоделци со што би имало една дисперзија на ризикот и би биле задоволни и осигурениците и компаниите, вели Наумовски и ја потенцира важноста на мерката на државата со која се субвенционира 60% осигурителната полиса.
– Нашата држава може да се каже дека ги следи светските трендови во однос на земјоделското осигурување, во нашата држава се нудат истите покритија и услови како и во странство, било тоа да е со основните полиси за земјоделско осигурување или во скоро време и индексираното осигурување кое за разлика од странство каде има голем процент на застапеност, во нашата држава сеуште е во фаза на развој.
Во соработка со државата, земјоделското осигурување секоја година се повеќе се доближува до земјоделските производители, останува да се продолжи во тој правец и да се следат новите услови кои ги наметна кризата.
-Очекувањата за оваа сезона како и поставените цели може да се каже дека се исполнети со тоа што заштитивме голем дел од нашите земјоделци и покрај настанатите тешки услови, а плановите за во иднина како и до сега се да им обезбедиме на клинетите покритија под се подобри услови и да бидеме мост помеѓу земјоделците и компаниите.
Извор – АГРОТИМ.мк
]]>


