Тутунарите на протест пред Владата побараа субвенциите годинава да бидат 2.5 милијарди денари

Тутунопроизводителите одржаа протест пред Владата, тие побараа итно укинување на четвртата класа, како и сигурен откуп на вишокот тутун што е произведен.

Добивме ветувања од Владата, но ништо од ветеното не се исполни, тутунот и натаму се откупува по катастрофална цена.Едно се договаравме, друго е на терен. Верувавме дека ќе добиеме помош, се случи да биде полошо. Проценките падна пониско, откупот уште повеќе стагнира и денес на места имаме откуп од 100 на пакети од класи на „тројка“ и „четворка“. Цената на „четворката“ е различна и варира од 65 до 70 денари, па сè до 90 денари, рече тутунопроизводителот Васко Јосифовски.

На денешниот протест пред Владата, тутунопроизводителите побараа да се зголеми субвенцијата на 100 денари за сите 4 класи тутун.

Ако се очекува откуп на 25 милиони килограми по 100 денари за килограм тутун, тоа се 2.5 милијарди денари субвенции.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари повторно ги разгледаа можностите за излегување во пресрет на барањата на производителите на тутун за да се оствари успешна завршница на годинешната реколта и повисока просечна цена на тутунот на ниво на целата држава.

Министерот Хоџа истакна дека е потребно зајакнување на динамиката на откупот на тутунот, со цел да се заврши откупот на реколтата во законскиот рок.

Истовремено беше изразена волја Владата да вложи максимални напори за достигнување на просечната цена на тутунот во висина од 180 денари и ќе преземе мерки тоа и реално да се оствари.

Според министерот Хоџа, во оваа фаза е потребно да се интензивираат комуникациите и напорите, откупувачите на тутун да останат на ветеното за исполнување на обврската за откупување на вишокот на тутун и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории на тутун.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести