(ВИДЕО) МВР празнично фатило 243 „возачи“ без возачка дозвола

Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спровело засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци.

„За четири дена се изречени 2987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1571, возење под дејство на алкохол 205, нерегистрирани возила 150 и 243 за возење без возачка дозвола“, стои во соопштението на МВР.

„Кај санкционираните за пребрзо возење, дури 100 возачи возеле со брзина од над 70 километри на час над пропишаната, а 250 возачи возеле од 50 до 70 километри на час побрзо од пропишаната брзина.  Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата“, соопшти МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=M3vjd_Bfcq4&feature=emb_title
]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести